08 јануари 2024

„Слави со срце, не со оружје“ и „Стоп за петарди“ - превентивни активности на СВР Битола


Секторот за внатрешни работи Битола, во текот на вчерашниот ден и денеска, реализира низа превентивни активности под мотото „Слави со срце, не со оружје“, како и во однос на забраната за користење на пиротехнички средства. Во централното подрачје на Ресен, со месното население беше разговарано за опасноста од неовластено пукање со огнено оружје на разни свечености, како и за казнените мерки кои се предвидени за тие што неовластено ракуваат со огнено оружје, а исто така, им беше укажано и на опасностите кои произлегуваат од користењето на пиротехнички средства. За таа цел полициските службеници од ОВР Ресен при СВР Битола ги посетија местата каде има поголеми собирања и разговараа со граѓаните, а беа поделени и летоци со едукативна содржина. Во Битола, Прилеп, Ресен и Крушево, полициските службеници и денеска продолжуваат со реализирање на превентивни активности за побезбеден сообраќај, со посебен акцент на алкохолот.