07 јануари 2024

"Среќни, весели и безбедни празници во секој дом - вози одговорно, патувај безбедно", превентивни активности на СВР Тетово

Денеска (7 јануари) полициски службеници на СВР Тетово-Отсек за превенција и од тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај реализираа уште една од планираните превентивно-информативни активности.Во рамките на кампањата "Среќни, весели и безбедни празници во секој дом - вози одговорно, патувај безбедно" , на пункт во близина на наплатната станица Тетово, на поголем број возачи им се делеа наменски изработени летоци од Републичкиот совет за безбедност на патиштата, МВР и Факултетот за безбедност-Скопје.

Во непосреден разговор, исто така, на возачите им беше советувано да ја прилагодат брзината според условите на патот, да не возат пребрзо и целосно да ги почитуваат сите сообраќајни знаци, правила и прописи. Посебно им беше укажано да не ги управуваат возилата под дејство на алкохол и без положен возачки испит, односно безбедно да уживаат во празнувањето и да не дозволат грешка во сообраќајот. Возачите беа потсетени и на законската обврска за задолжително носење и користење на зимска опрема, особено ако патуваат кон Попова Шапка, Стража или Маврово, но и на законските импликации доколку не се почитуваат пропишаните регулативи.

Ваква активност утре (8 јануари) планирана е и на гостиварското подрачје, а целта е поблиско запознавање со информациите кои можат да им помогнат безбедно да учествуваат во сообраќајот.