06 јануари 2024

Превентивни активности на СВР Битола за побезбеден сообраќај

Денеска (06.01.2024), како и во изминатиот период , СВР Битола продолжи со кампањите од областа на безбедноста во сообраќајот „Алкохол и волан - најлоша комбинација" ,,Користи зимска опрема“ и „Вози одговорно- прилагоди ја брзината“ и тоа во централното подрачје на Битола, при што на учесниците во сообраќајот им беа поделени летоци со едукативна содржина и им беше укажано за штетите и последиците кои можат да настанат од конзумирање на алкохол и управување со возило како и некористење на зимска опрема т.е. зимски гуми, како и за последиците од неприлагодената брзина според условите на патиштата и според правилата за ограничување на брзината т.е. сообраќајните знаци.

Исто така, претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска заедно со полициските службеници посетија и дел од угостителските објекти и на граѓаните им ја потенцираа опасноста од управување моторно возило под дејство на алкохол.