Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип во рамки на кампањата „Петарди НЕ, безбедноста пред се“ во соработка со медицински лица денеска (28.12.) за учениците од средното општинско училиште „Јане Сандански“ во Штип одржаа едукативно предавање. Притоа, на учениците им беа презентирани опасностите и ризиците од употреба на пиротехнички средства, последиците кои може да настанат од користењето на истите, законската регулатива во однос на неовластеното користење и употреба на пиротехнички средства.
Во Берово пак, исто така денеска полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово спроведоа превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“ .Активностите беа спроведени на градскиот пазар во Берово каде што преку непосредни разговори и средби со граѓаните и делење на летоци со едукативна содржина, посебен акцент беше ставен на укажувањата за поголема внимателност и заштита особено за време на Новогодишните и Божикните празници. На граѓаните особено им беше потенцирано да не објавуваат и споделуваат информации за нивното заминување од домовите.