27 декември 2023

Превентивни активности на СВР Велес

Денеска (27.12.) во средното општинско училиште „Добри Даскалов“ во Кавадарци, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР-Велес во содејство со медицински лица, а во рамките на кампањата на МВР со Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија при КЦ „Мајка Тереза“ од Скопје, за средношколците беше реализирано едукативно предавање на темата - „Петарди НЕ- Безбедност пред СЀ ”.

Преку наменски подготвена презентација, полициските службеници и медицинските лица ги запознаа учениците со опасностите и последиците од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички средства. На учениците, преку низа практични примери и искуства им беше укажано дека сите пиротехнички средства се опасни бидејќи содржат експлозив и можат да предизвикаат тешки и трајни повреди и последици по здравјето, а истовремено им беа и предочени и законските казнени мерки со кои може да се соочат околу недозволеното поседување и употребување на пиротехнички средства и петарди.