Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип во рамките на заедничкиот превентивен проект со рудникот „Саса“, општина Македонска Каменица, денеска (27.12.) во домот на културата во Македонска Каменица за учениците од основното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица, спроведоа едукативно предавање од областа на сообраќајот. Предавањето кое што е дел од едукативниот проект што се реализира под мотото -„Отвори очи и со памет“ и „Во сообраќајот не си сам“, има за цел подигање на нивото на сообраќајната култура и образование кај децата како учесниците во сообраќајот а во интерес на поголема безбедност и намалување на сообраќајните незгоди со потешки последици.
Исто така денеска и полициски службеници од ОВР Свети Николе во градот и околината спроведоа превентивна активност од областа на сообраќајната безбедност под мотото – „Вози одговорно-патувај безбедно“.