26 декември 2023

Превентивни активности на СВР Штип

Денеска (26.12.) Отсекот за превенција при СВР Штип продолжи со активностите во рамки на кампањата на МВР и Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија при КЦ „Мајка Тереза“ –Скопје, - „Петарди НЕ, безбедност пред се“, при што едукативни работилници беа организирани со децата од основните училишта „Страшо Пинџур“ во општина Карбинци и „Браќа Миладиновци“ во Пробиштип. Во рамки на предавањата на децата им беа презентирани опасностите и ризиците од употреба на пиротехнички средства, последиците кои може да настанат од користењето на истите, законската регулатива во однос на неовластеното користење и употреба на пиротехнички средства.

Воедно едукативните работилници беа искористени и да се проговори на темите поврзани со „Меѓуврсничкото насилство“, потоа околу сајбер-булингот, за решавање на конфликти и секако околу потребата и важноста од градење на партнерство кое се базира на доверба помеѓу учениците и полицијата.