25 декември 2023

„Петарди НЕ, безбедност пред се“, превентивни активности на СВР Штип

Отсекот за превенција при СВР Штип денеска (25.12.) во основното општинско училиште „Страшо Пинџур“ во општина Карбинци спроведе превентивно едукативно предавање во рамки на кампањата - „Петарди-НЕ-Безбедност пред се“, а воедно се говореше и на темите за меѓуврсничкото насилство и сајбер насилство, односно сајбер булингот. Особен фокус во предавањето имаше градењето на партнерство кое се базира на доверба помеѓу учениците и полицијата.

На учениците со презентација им беа соопштени законските одредби, видовите начините и несаканите последици од употребата на пиротехничките средства како и меѓуврсничкото така и сајбер насилството.

Исто така и во средното општинско училиште „Димитар Мирасчиев“ во Штип полициските службеници во содејство со доктори од Клиниката за пластична хирургија на учениците им одржаа едукативно предавање на тема „Петарди НЕ- Безбедност пред СЀ ”.

Покрај ова, на подрачјето на СВР Штип, односно во подрачјето на Берово полициски службеници од ОВР Берово на учениците од основното општинско училиште „Никола Петров Русински“ во с.Русиново, спроведоа превентивна активност од кампањата „Петарди НЕ- Безбедност пред СЀ ”.

Преку наменски подготвена презентација, полициските службеници ги запознаа учениците со опасностите и последиците од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички средства. Воедно им беше укажано дека сите пиротехнички средства се опасни бидејќи содржат експлозив и можат да предизвикаат тешки и трајни последици.