25 декември 2023

„Петарди НЕ, безбедност пред се“, превентивна активност на СВР Куманово

Денеска (25.12) во рамки на заедничките превентивно едукативни активности на МВР и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при КЦ „Мајка Тереза“, беа посетени средните општински училишта „Наце Буѓони“ и „Сами Фрашери“ во Куманово каде што беа одржани едукативни предавања на темата “Петарди Не, безбедност пред се“.

На предавањата беа опфатени паралелки од прва година од средните училишта, при што од страна на лекарите-предавачи беше нагласен ризикот од употребата на пиротехнички средства, пред се поврзани со повредите на рацете, очите и други делови од телото. Покрај другото, учениците беа запознаени со законските одредби од незаконското набавување и продажба на петарди и други пиротехнички средства. Исто така беа информирани дека продажбата и активирањето на петарди покрај прекршочно може да се санкционира и со кривична пријава.

Деновиве, а во пресрет на Новогодишните и Божикни празници, ваквите предавања ќе продолжат и во другите средни училишта.