22 декември 2023

„Петарди НЕ – безбедност пред се“, превентивни активности на СВР Скопје и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со полициските службеници од ПСОН Бит Пазар денеска (22.12) во основните општински училишта „Конгреси Манастирит“ , „Тефејуз“, „Лирија“ и „Имри Елезит“ на подрачје на општината Чаир, а на темата „Петарди НЕ, безбедност пред се“, одржаа четири едукативни работилници.
Во непосредна комуникација со учениците, полициските службеници презентираа низа факти и информации околу можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, појава посебно актуелна пред и за време на новогодишните и Божиќните празници. Беа потенцирани и казнените законски одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место, што претставува општа опасност со која се загрозува сигурноста и безбедноста на сите граѓани.

Инаку во рамки на оваа поширока и заедничка превентивно едукативна активност на МВР и на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје, денес и во средните скопски училишта „Д-р Панче Караѓозов“и „Васил Антевски Дрен “ се реализираа едукативни работилници со средношколците, при што лекари од клиниката и полициски службеници од ПСОН Центар и ПСОН Кисела Вода одржаа стручни предавања со кои беа опфатени ученици од прва година за штетноста и последиците од употребата на пиротехниката.

Во текот на вчерашниот ден, пак, лекари од клиниката и полициски службеници од ПСОН Карпош, ПСОН Центар и ПСОН Кисела Вода реализираа едукативни работилници средните училишта „Јахја Кемал“ во „Д-р Панче Караѓозов“ и „Васил Антевски Дрен“.