22 декември 2023

Превентивни активности на СВР Велес

Денеска (22.12.) во општинското основно училиште ,,Тошо Велков Пепето“ во Кавадарци, Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со Територијалната противпожарна единица Кавадарци, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, потоа со Црвен крст, Брза помош и претставници од локална самоуправа, спроведоа едукативно показна вежба за заштита од пожари-симулација на настанат пожар и брза евакуација и постапување на службите на терен.

Вчера пак, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР-Велес во соработка со Организацијата на жени во општина Велес и Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените од општина Велес, во средното стручно општинско училиште „Димитрија Чуповски“ во Велес одржаа едукативна работилница „Живот без насилство“, посветена на подигање на свеста за сузбивање на родово базираното насилство.

Во текот на едукацијата беше укажувано како младите може да ги препознаат сите видови на родово базирано насилство односно како да се заштитат.