Вчера (21 декември), во рамки на заеднички превентивно едукативни активности на МВР и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија беше посетено средното општинско училиште „Исмет Јашари“ во Липково.
Со предавањата беа опфатени пет паралелки од прва година од оваа училиште, при што од страна на лекарите беше нагласен ризикот од употребата на пиротехнички средства, пред се, повредите на рацете, очите и други делови од телото. Покрај другото, учениците беа запознаени и со законските одредби од набавување и продажба на петарди и други пиротехнички средства. Исто така, беа информирани дека продажбата и активирањето на петарди покрај прекршочно може да се санкционира и со кривична пријава.
Целта на кампањата чие мото е „Петарди НЕ, безбедност пред се“ е подигнување на свеста кај младите во пресрет на престојните празници. Овие предавања ќе продолжат и во другите средни училишта.