21 декември 2023

„Петарди не, безбедност пред се“, превентивна активност на Отсекот за превенција на СВР Штип

Денеска (21.12.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција на СВР Штип во содејство со лекари од Клиниката за пластична хирургија, со учениците од прва година во средното општинско училиште „Коле Нехтенин“ во Штип, реализираа превентивна активност „Петарди не, безбедност пред се“, со цел да се спречи употребата на пиротехнички средства во пресрет и за време на претстојните празници.

Преку видео презентации и разговори на учениците им беше нагласен ризикот од употреба на пиротехнички средства по здравјето на луѓето, пред се од повреди на рацете, очите и другите делови од телото. Покрај ова, учениците беа запознаени и со законските импликации од набавување, продажба и од активирање на пиротехнички средства. 

Исто така, полициски службеници од Полициската канцеларија Пехчево со учениците во основното општинско училиште „Ванчо Китанов“ во Пехчево, спроведоа превентивна активност на тема „Петарди НЕ – безбедност пред СЀ“, при што ги запознаа со законските одредби и последиците од користењето на пиротехничките средства.