21 декември 2023

Едукативни работилници на СВР Велес

Во текот на вчерашниот ден (20.12.2023) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со Организацијата на жени во општина Велес, психолог од Здравствен дом-Велес и претставник од Локалниот совет за превенција, во Средното стручно општинско училиште ,,Коле Неделковски" во Велес беше одржана едукативна работилница ,,Живот без насилство", посветена на подигање на свеста за сузбивање на родово базираното насилство. Во текот на разговорите беше укажувано како да ги препознаат сите видови на родово базирано насилство односно како да се заштитат.

Во текот на денешниот ден ( 21.12.2023 ) во Општинските основни училишта ,,Страшо Пинџур" и ,,Гоце Делчев" во Неготино, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници спроведена е едукативна работилница „Петарди не, безбедност пред се“. На едукативната работилница на учениците им беа претставени штетните последици од користењето на пиротехнички средства, како и законските прописи кои го санкционираат недозволеното користење на пиритехнички средства.