Денеска (20.12.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) спроведе сообраќајна едукативна активност на подрачје на Бит Пазар, во склоп на превентивната кампања „Биди подготвен - користи зимска опрема“. Притоа, на возачите им беше поделен едукативен материјал во форма на летоци и им беше укажано за почитување на законската регулатива за задолжително користење на зимска опрема во периодот од 15 ноември до 15 март.
Исто така, денеска, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со полициските службеници од ПС Бит Пазар во ОУ „Васил Главинов", ОУ „Исмаил Ќемали", ОУ „7-ми Март" и СУГС „Цветан Димов" на тема „Петарди НЕ, безбедност пред се“, одржаа едукативни работилници и во непосреден разговор со учениците им беше укажано за можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, појава посебно актуелна пред и за време на новогодишните и Божиќните празници. Беа потенцирни и казнените законски одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место, што претставува општа опасност со која се загрозува сигурноста и безбедноста на сите граѓани.