Денеска (19.12.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Струмица спроведоа превентивна активност на тема „Не користи пиротехнички средства“ со ученици од Основното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица.
Целта на оваа активност која беше реализирана со едукативно предавање, пропратено со наменски подготвена презентација, беше да им се укаже на учениците дека сите пиротехнички средства се опасни, затоа што содржат експлозив и да им се посочат опасностите и последиците од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички средства. Учениците беа запознаени и со законските санкции кои се предвидени за употреба, набавка и продажба на пиротехнички средства.