На 18.12.2023 Одделението за превенција при СВР Скопје во соработката со полициските службеници од ПС Центар и тим од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во СУГС „Панче Караѓозов", СУГС „Ѓорги Димитров" и „Раде Јовчевски Корчагин" одржаа превентивни работилници на тема „Злоупотреба на петарди".
Во непосреден разговор со учениците им беше укажано за можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, појава посебно актуелна пред и за време на новогодишните и Божиќните празници, а беа потенцирани и казнените законски одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место, што претставува општа опасност со која се загрозува сигурноста и безбедноста на сите граѓани.