Денеска (18.12.2023) Одделението за превенција на СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе сообраќајна превентивна едукативност на подрачје на ПСОН Гази Баба, поточно на излез од град Скопје, во склоп на кампањата „Биди подготвен - користи зимска опрема“. Притоа, на возачите им беше поделен едукативен материјал во форма на летоци и им беше укажано за почитување на законската регулатива за користење на зимска опрема во периодот од 15 ноември до 15 март.
Исто така денеска (18.12.2023) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработката со полициските службеници од ПС Драчево во Основното училиште „Свети Климент Охридски" во с. Драчево и Основното училиште „Наим Фрешери" во с. Студеничани одржаа превентивни работилници на тема „Злоупотреба на петарди". Во непосреден разговор со учениците им беше укажано на можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, појава посебно актуелна пред и за време на новогодишните и Божиќните празници, а беа потенцирани и казнените законски одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место, што претставува општа опасност со која се загрозува сигурноста и безбедноста на сите граѓани.