17 декември 2023

Превентивна активност на СВР Велес

Денеска (17.12.2023) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, на подрачје на Неготино и Градско реализирана е превентивна активност под мото „Биди подготвен за безбедно патување со возило во зима". Граѓаните беа информирани за обврската за задолжително носење на зимска опрема во возилата во период од 15 ноември до 15 март.
Во непосредна комуникација со возачите, превентивно-информативните активности се состоеја во нивно едуцирање за законската употреба на зимска опрема во која спаѓаат зимски гуми и ланци. Притоа, особено беа истакнати условите, односно начините за употребата на опремата, во зависност од временските услови, а согласно нормативно пропишаните одредби во кои секако влегува и санкционирањето на непочитувањето на истите. Исто така, на возачите им беше делен и едукативен печатен материјал изработен во соработка со РСБСП, а се со цел подигање на свеста за поседување на зимска опрема во возилата и одговорно учество во сообраќајот.