15 декември 2023

Превентивна активност на СВР Велес

Денеска (15.12.2023) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес, во Општинското основно училиште ,,Димката Ангелов Габерот“ во Кавадарци, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, спроведена е едукативна работилница на темата ,,Не за користење на пиротехнички средства“ и ,,Слави со срце, не со оружје“ во која на сите ученици им се поделени летоци со едукативна содржина.

На едукативната работилница на учениците им беа претставени штетните последици од користењето на пиротехнички средства, опасностите по здравјето и безбедноста, како и законските прописи од недозволеното користење на пиротехнички средства.
Toni