14 декември 2023

„НЕ користи петарди и пиротехнички средства“, превентивна активност на ПС Кочани

На 13.12.2023 полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Кочани на повеќе локации во градот спроведоа превентивна активност на тема ,,НЕ користи петарди и пиротехнички средства“.

На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина и преку непосредна комуникација, беа запознаени со опасностите и последиците од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички средства, кои можат да предизвикаат тешки и трајни последици, како и законските санкции кои се предвидени за употреба, набавка и продажба на пиротехнички средства.