Полициски службеници од ОВР Македонски Брод и ОВР Ресен при СВР Битола на подрачјето на Македонски Брод и Ресен денеска (13.12.) спроведоа едукативна акција под мотото „Биди одговорен возач- не користи мобилен телефон“.
Тие на повеќе локации во и околу Ресен и Македонски Брод во непосреден контакт со возачите укажуваа на важноста од одговорно и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, пред се во поглед на недозволеното користење на мобилни телефони при возење. Исто така, на возачите им беа поделени и едукативни печатени материјали изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со информативни содржини и корисни совети за учeсниците во сообраќајот. Овие две одделенија за внатрешни работи, исто така денеска, реализираа превентивна активност под мото „Користи зимска опрема“ при што во непосреден разговор со возачите и делење летоци со едукативна содржина ги информираа што се подразбира под зимска опрема, како и за потребата од нивно внимателно возење не само во време на снежни врнежи, туку и во период на ниски температури и појава на голомразица на коловозот.
Воедно, возачите беа потсетени дека при секое констатирано непостапување по оваа законска обврска, ќе им бидат издавани прекршочни платни налози согласно член 361 став 4 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кој е пропишана глоба за ваквите прекршоци во висина од 45 евра.