12 декември 2023

Превентивни активности на СВР Охрид

Денеска (12.12.), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и ОВР Струга на подрачјето на Струга отпочнаа превентивен проект посветен на превенцијата од булинг и сајбер булинг. Првите интерактивни предавања се одржаа во основното училиште „Јосип Броз Тито“ во Струга, при што со учениците од осмо и деветто одделение беше разговарано за појавните форми и облици на манифестирање на насилство помеѓу врсниците и он-лајн насилството, како крајно штетни и опасни појави при користење на социјалните мрежи и дигиталната технологија. Учениците беа запознаени како треба да реагираат доколку тие се жртва на булинг и сајбер булинг, каде и со кого да ги споделат тие информации. Оваа едукативна кампања ќе биде реализирана и во другите училишни центри на подрачјето на Струга.

Инаку и вчера во општинското средно училиште „Св.Кирил и Методиј“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Охрид и претставници на невладината организација „Инклузив“, одржаа едукативно предавање на тема „Препознавање, спречување и заштита од насилство врз жените“.

Притоа, учениците од прва до четврта година беа запознаени со основните појавни облици на насилството врз жените, како и постапувањето на институциите за нивна ефективна заштита, но и за превенирање на оваа девијантна појава во општеството. Едукативната работилница беше спроведена во рамките на превентивната кампања „16 дена активизам за борба против насилство врз жените“.