08 декември 2023

Реализирана превентивна активност во рамки на кампањата „Заштита на шумите од кражби на дрва“ на подрачјето на СВР Велес

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, денеска (08.12.) на повеќе локации на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Кавадарци спроведоа превентивна активност во рамки на кампањата – „Заштита на шумите од кражби на дрва“.

Во непосреден контакт и разговор со граѓаните на повеќе места во тиквешијата им беше укажано дека шумите се наше богатство кое сме должни да го чуваме , а секое незаконско сечење на дрва претставува кривично дело кое се санкционира.

Во рамки на разговорите беше апелирано до граѓаните за потребата од внимателност и совесност, но и за потребата од навремена соработка и комуникација со надлежните служби, вклучително и полицијата во интерес на превенција од последиците од бесправното сечење на шумите.

Целта на проектот беше да се информираат локалните жители за овој вид на криминалитет и да се подигне свеста на граѓани во насока на поголема одговорност и соработка со надлежните институции во откривањето и спречувањето на бесправната сеча на шуми, за што на граѓаните им беа поделени и едукативни печатени материјали со информативни содржини изработени во соработка со „Национални шуми“ и Шумска полиција.