Денеска (07.12) како и во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Прилеп и ОВР Ресен при СВР Битола во соработка со РСБСП поради отпочнатата зимска сезона, реализираа превентивни активности со граѓаните на Прилеп и Ресен на коишто граѓаните беа информирани за обврската и важноста на законските одредби за задолжително носење на зимска опрема во возилата во период од 15 ноември до 15 март. Во непосредна комуникација со граѓаните, пред се со возачите, превентивно-информативните активности се состоеа од нивна едукација за законската употреба на зимска опрема во која спаѓаат: зимски гуми и ланци. Притоа, особено беа истакнати условите односно начините, за употребата на опремата, во зависно од временските услови, а согласно нормативно пропишаните одредби во коишто секако влегува и санкционирањето на непочитувањето на истите. На возачите им беше поделен и едукативен печатен материјал со цел подигнување на свеста за поседување на зимска опрема во возилата и одговорно учество во сообраќајот.
Воедно полициски службеници од СВР Битола и денеска реализираа превентивно-едукативна активност посветена на учениците од средните училишта. Притоа во средното училиште „Ристе Ристески Ричко“ во Прилеп спроведоа едукативни предавања на тема „Кажи не на дрогата, да на животот“ и „Стоп за врсничкото насилство“. Во рамки на предавањето, учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога. Исто така, инспекторите на учениците им укажуваа за ризиците што произлегуваат од несоодветното користење на социјалните мрежи како и навремено препознавање и превенирање на девијатните појави, а во насока на спречување на насилството помеѓу младите.