06 декември 2023

„Слави со срце не со оружје“- превентивни активности на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола, во текот на вчерашниот ден и денеска, реализира низа превензтивни активности под мотото „Слави со срце не со оружје" . Во централното подрачје на Македонски Брод, со месното население беше разговарано за опасноста од неовластено пукање со огнено оружје на разни свечености, како и за казнените мерки кои се предвидени за тие што неовластено ракуваат со огнено оружје.

За таа цел полициските службеници од ОВР Македонски Брод ги посетија местата каде има поголеми собирања и разговараа со граѓаните, а беа поделени и летоци со едукативна содржина.