Во текот на вчерашниот ден по повод Меѓународниот ден на лица со попреченост полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, заедно со членовите од Општински совет за детско престапништво, реализираа работилница во дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ во Куманово.
Заедно со корисниците и вработените во овој центар полициските службеници имаа можност да се дружат и заедно да подготвуваат новогодишни честитки со цел и лицата со попреченост да имаат еднаков пристап за напредок и развој.