Денеска (01.12.) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, во ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес беше реализирана едукативна работилница.
На работилницата на која што покрај средношколци од ССОУ „Коле Неделковски“ присуствуваа и нивни врсници од ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово, полициските службеници ја презентираа темата „Безбедност на младите во сообраќајот“ а насочена кон нивна сообракајна едукација во врска со сообраќајните правила и прописи, пред се како безбедно да се движат кога се пешаци, а како да се однесуваат кога се учесници во сообраќајот како возачи на велосипеди и мопеди.