30 ноември 2023

Реализирана превентивна активност на подрачјето на СВР Велес

Денеска, Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Кавадарци поради отпочнатата зимска сезона, реализираше превентивна активност со граѓаните на Кавадарци, на која тие беа информирани за обврската и важноста на одредбите за задолжително носење на зимска опрема во возилата во период од 15 ноември до 15 март.

Во непосредна комуникација со граѓаните, пред се со возачите, превентивно-информативните активности се состоеа од нивна едукација за законската употреба на зимска опрема во која спаѓаат: зимски гуми и ланци. Притоа, особено беа истакнати условите односно начините, за употребата на опремата, во зависно од временските услови, а согласно нормативно пропишаните одредби во коишто секако влегува и санкционирањето на непочитувањето на истите. На возачите им беше поделен и едукативен печатен материјал со цел подигнување на свеста за поседување на зимска опрема во возилата и одговорно учество во сообраќајот.