30 ноември 2023

Реализирани бројни превентивни активности на подрачјето на СВР Штип

Вчера (29.11.) на улицата „Миро Барага“ кај градскиот пазар во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип, реализираа превентивна активност во рамки на проектот „МВР за граѓаните“ и „Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“. Притоа на граѓаните и сопствениците на деловни објекти им беше укажано на мерките за заштита и самозаштита од разбојништва, кражби, џепни и дрски кражби.
Целта на активноста, покрај едукативно - информативниот карактер, е заштита и спречување, односно намалување на бројот на кривични дела од областа на имотните деликти. Исто така реализирана е превентивна активност под мотото – „Обезбеди го твојот дом“ при што беше потенцирана неопходноста од соработка и навремена комуникација на граѓаните со полицијата и пријавување на овој вид настани на бесплатните телефонските броеви 112 и 192, а на граѓаните им беа поделени печатени едукативни материјали.

Покрај ова, полициски службеници при ОВР Свети Николе реализираа превентивна активност под мотото ,,Биди одговорен возач – користи зимска опрема “. Превентивната активност беше реализирана на неколку патни правци во и околу Свети Николе, при што полициските службеници преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот укажуваа на обврската за носење на зимска опрема која е задолжителна во периодот од 15 ноември до 15 март за да можат и во зимски услови да се движат непречено и безбедно во сообраќајот, а беше укажано и на казнените одредби кои следуваат за непочитување на оваа законска одредба. Полициските службеници делеа и едукативен печатен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а се со цел зголемување на свеста кај учесниците во сообраќајот како и подобрување на личната но и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.