Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, денеска (25.11.) беше реализирана превентивна активност поврзана со превенцијата од имотни деликти, а во насока на зголемување на нивото на заштита и поголема безбедност во делот на тешките кражби од моторни возила.
Притоа, полициски службеници од Одделението за превенција во соработка со ПС од ОН Карпош на подрачје на Карпош спроведоа превентивна активност со граѓани на кои им беа делени и печатени едукативни материјали со пораката „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“. На граѓаните им беше укажувано кога ги паркираат нивните моторни возила да не оставаат вредни предмети како што се разни торби, лаптопи, ранци, паричници или слично...