23 ноември 2023

Превентивна активност на СВР Штип

Денеска (23.11.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, во просториите на пензионерските ограноци Центар и населба Три Чешми на штипското Здружение на пензионери, спроведоа едукативна активност под мотото „Заштитете се од џебни кражби”.

За време на активноста на пензионерите им беа дадени совети за лична заштита а им беа поделени и летоци со едукативна содржина како да се заштитат од кражби, дрски кражби, разбојништва и слично. Исто така на оваа категорија граѓани им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата преку точно и брзо пријавување на бесплатните телефонски броеви 112 и 192.
Исто така денеска, и полициски службеници од Полициската станица Кочани, при СВР Штип, во централно градско подрачје во Кочани спроведоа превентивна активност насловена како - ,,Oбезбеди го својот дом“ .

Целта на оваа активност беше да им се укаже на граѓаните како заедно со помош на полицијата да се постигне поголема сигурност. За време на активноста беа споделени повеќе совети на кој начин да ги обезбедат-заштитат своите домови, а исто така и да ги негуваат и развиваат добрососедските односи. На граѓаните за време на превентивната активност им беа поделени летоци со едукативна содржина.