23 ноември 2023

Превентивна активност на СВР Велес

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР-Велес заедно со полициски службеници од Отсек за компјутерски криминал и малолетничка деликвенција при СВР-Велес, денеска (23.11.) во ООУ ,,Кирил и Методиј“ во Велес, реализираа едукативна работилница за учениците од шестто до деветто одделение.

Во рамки на работилницата активностите беа посветени на темите „Насилство во училиштата и „Врсничкото насилство“ - со посебен акцент на сајбер булингот, односно малтретирањето и насилството на социјалните мрежи. Посебно стана збор и за начините и методите кои треба да се користат во превенирањето и справувањето со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите. Децата беа запознати и со сите ризици и последици, вклучително и законските, од овие видови социо-патолошко поведение.