На 21.11.2023 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес во средното училиште „Димитрија Чуповски" во Велес одржаа едукативна работилница на тема ,,Кажи не на дрогата, да на животот". Учениците беа запознаени со последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога, последици од конзумирање на алкохол и цигари. На работилницата, учениците беа запознаени и со последиците од врсничкото насилство со посебен осврт на сајбер булингот и начините и методите кои треба да се користат во справување со овие видови на девијантно однесување помеѓу младите.