На подрачје на Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп и од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп при СВР Битола, денеска (21.11.) реализираа превентивно-едукативна активност посветена на средношколците.
Притоа, во средното училиште Гимназија „Мирче Ацев“ во Прилеп беше спроведена едукативната интерактивна работилница на темите - „Кажи не на дрогата, да на животот“ и „Стоп за врсничкото насилство“. Во рамки на предавањата, учениците беа запознаени со сите суштински информации поврзани со овие девијантни пробелематики – појава, видови, причини и начини за превенција, како и околу законските реперкусии, но и последиците што произлегуваат од користење и трговија со дрога, односно насилното поведение.
Воедно полициските службеници на учениците им укажуваа за ризиците што произлегуваат преку користењето на социјалните мрежи како и нивно навремено препознавање и превенирање, а во насока на спречување на насилството помеѓу младите.