21 ноември 2023

Превентивна активност на СВР Велес

Отсекот за превенција при СВР Велес денеска (21.11.) во Кавадарци реализираше превентивна активност која имаше за цел укажување на клучните фактори за безбедноста на најранливата категорија на учесници во сообраќајот- пешаците и повoзрасните лица-пензионерите. Притоа полициските службеници на повеќе фрекфентни локации во Кавадарци разговараа со граѓаните споделувајќи практични и корисни совети во интерес на сообраќајната безбедност на пешаците.

Воедно на граѓаните им беа поделени летоци изработени во соработка со РСБСП, со препораки за безбедно учество во сообраќајот како пешаци и зголемена будност при преминување на улица.