20 ноември 2023

„Училишна сообраќајна патрола“- превентивна активност на СВР Тетово

Во рамките на континуираната соработка на СВР Тетово и тетовската локална самоуправа денеска (20 ноември) во Тетово започна превентивно-едукативен проект „Училишна сообраќајна патрола“, чиј носител е Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Тетово, во содејство со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Отсекот за превенција. Ученици од три тетовски основни училишта во соработка со полициските службеници, на неколку пунктови, пред училиштата, на крстосници и кружни текови, запираа возила, практично се запознаваа со начините и формите на безбедно преминување на улиците, со сообраќајната вертикална и хоризонтална сигнализација, со правилата, прописите и со се друго за нивно безбедно движење како учесници во сообраќајот, од домовите до училиштата и назад.

Вакви активности неделава планирани се и со другите училишта во Тетово, чија цел е развој и унапредување на сообраќајната свест и култура кај децата и возрасните. Ова, дотолку повеќе што во последно време во Тетово значително зголемена е фрекфренцијата од возила и пешаци и особено во централното подрачје. Поради ова, зголемена, исто така, е и потребата доследно да се почитува сообраќајната сигнализација, правила и прописи, да не се преминуваат улиците на недозволена места, да се внимава на крстосниците и кружните текови, а возачите,пак, секогаш да им даваат предност и да ги пропуштаат пешаците, пред се во близина на училиштата, да не ги паркираат возилата на места на кои го попречуваат нивното непречено и безбедно движење и така натаму.

На учениците им беа поделени и наменски изработени летоци со пораки и совети за нивна поголема сообраќајна безбедност.