На подрачје на Битола полициски службеници од Отсекот за превенција, како и од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Битола и криминалистичката полиција на СВР Битола денеска (17.11.) реализираа превентивно-едукативна активност посветена на основците.
Притоа, во основното училиште „Трифун Пановски“ во Битола спроведоа едукативно предавање на тема „Кажи не на дрогата, да на животот“. Во рамки на предавањето, учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога.
Исто така, инспектори од компјутерски криминал при СВР Битола на децата им укажуваа за ризиците кои произлегуваат преку користењето на социјалните мрежи, како и нивно навремено препознавање и превенирање.
Исто така, денеска, полициски службеници од ОВР Македонски Брод реализираа превентивна активност каде ги посетуваа колективните домови за живеење и разговараа со граѓаните за заштита од кражби,измами и разбојништва.
Покрај ова, на подрачјето на Крушево и Македонски Брод полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при ОВР Крушево и ОВР Македонски Брод при СВР Битола спроведоа превентивна активност од областа на сообраќајот „Вози одговорно, стави појас“, и „Не консумирај алкохол додека возиш".