17 ноември 2023

„Кажи не на дрогата, да на животот", превентивна активност на СВР Велес


На 16.11.2023 од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од областа на малолетничка деликвенција при СВР Велес, во ООУ ,,Рајко Жинзифов" во село Горно Оризари, велешко, беше одржана едукативна работилница со учениците од осмо и деветто одделение на тема „Кажи не на дрогата, да на животот", на која покрај учениците, присуствуваа и родители. Тие беа запознаени со последиците кои настануваат од користење и трговија со дрога, како и од другите зависности, и како да се заштитат. На работилницата се разговараше и за врсничкото насилство и начините и методите за справување со ова девијантно однесување.