15 ноември 2023
Превентивна активност на ОВР Берово
Денеска (15.11.2023) полициски службеници од ОВР Берово во Берово и Пехчево реализираа превентивна активност по повод почнувањето на законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема од 15 ноември до 15 март. На граѓаните им беше укажано дека оваа законска обврска стапува на сила и дека доколку не се почитуваат сообраќајните правила во зимски услови може да се случат сообраќајни незгоди со потешки последици, а на возачите им беа поделени и летоци со едукативна содржина.