На 14.11.2023 полициски службеници од СВР Охрид во основното училиште „Ванчо Николески“ во охридското село Лескоец, реализираа превентивна активност на тема „Врсничко насилство“. Притоа, низ интерактивен пристап, на учениците од шесто до деветто одделение им беа објаснети појавните форми и облици на манифестирање на насилство помеѓу врсниците, „булинг“ и он-лајн насилството „сајбер булинг“, како крајно штетни и опасни појави. Околу 150 ученици беа запознати како треба да реагираат доколку тие се жртва на булинг и сајбер булинг, каде да го пријават насилството и со кого да ги споделат тие информации. Оваа едукативна кампања ќе биде реализирана и во другите училишни центри на подрачјето на СВР Охрид.