14 ноември 2023

Превентивни активности на СВР Битола

На подрачје на Битола, Демир Хисар и Македонски Брод полициски службеници од Отсекот за превенција, од криминалистичката полиција како и од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Битола, како и од ОВР Демир Хисар и ОВР Македонски Брод, денеска и вчера реализираа превентивно - едукативни активности посветени на учениците од основните училишта.

Притоа, во основните училишта „Гоце Делчев“ во Битола, „Гоце Делчев“ во Демир Хисар и во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во село Пласница, Македонски Брод, полициските службеници спроведоа едукативни работилници под мотото - „Кажи не на дрогата, да на животот“. Во рамки на предавањата, учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користењето и трговија со дрога.

Дополнително, инспектори од Отсекот за превенција, од криминалистичка полиција и од компјутерски криминал при СВР Битола за учениците од осмо и деветто одделение при основното училиште „Гоце Делчев“ во Битола, во рамки на едукативната работилница тематски се осврнаа и на ризиците кои произлегуваат од користењето на социјалните мрежи, особено во поглед на разни злоупотребите и „сајбер булингот“ како и навремено препознавање и превенирање на овие девијантни појави.
Во рамките на реализација на активностите на учениците им беше поделен и печатен едукативен материјал.