13 ноември 2023

Превентивна активност на СВР Велес за побезбеден сообраќај


Денеска (13.11.) Отсекот за превенција при СВР Велес, во пресрет на започнувањето на зимската сезона, реализираше превентивни активности со граѓаните на Кавадарци, на кои тие беа информирани за обврската за задолжително носење на зимска опрема во возилата во период од 15 ноември до 15 март.

Во непосредна комуникација со граѓаните, пред се со возачите, превентивно-информативните активности се состоеа од нивна едукација за законската употреба на зимска опрема во која спаѓаат: зимски гуми и ланци. Притоа, особено беа истакнати условите односно начините, за употребата на опремата, во зависност од временските услови, а согласно нормативно пропишаните одредби во кои секако влегува и санкционирањето на непочитувањето на истите. Исто така, на возачите им беше делен и едукативен печатен материјал, а се со цел подигање на свеста за одговорно учество во сообраќајот.