12 ноември 2023

Превентивна активност на СВР Битола

СВР Битола преку проектот на Министерството за внатрешни работи „МВР за граѓаните" и проектот на СВР Битола „Безбедна заедница-мирна заедница" денеска (12.11) и вчера реализираа средби со граѓани на подрачјето на Битола. На средбите беше потенцирана важноста од меѓусебната соработка на граѓаните со полицијата, а полициските службеници споделија низа корисни совети во насока на поголема безбедност на граѓаните.

При реализација на активноста, на граѓаните им беше поделен и едукативен материјал.