05 ноември 2023

СВР Скопје со превентивна активност на Водно со цел избегнување и спречување на тешки кражби од моторни возила

Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (05.11.2023) во соработка со полициски службеници од Полициската станица Карпош беше реализирана превентивна активност во врска со избегнување и спречување на тешки кражби од моторни возила.

Имено, на паркинг просторот на излетничко-туристичкиот центар „Водно“ и на патот кон „Македонско село“ на средби остварени со граѓани и посетители беа поделени летоци со едукативна содржина, но им беше и директно укажано што значи превентивно однесување со цел подигнување на свесноста кај граѓаните како да не станат жртви на тешки кражби од нивните моторни возила. Притоа, посебно беше истакнато во своите возила да не оставаат вредни предмети, кога ги паркираат, бидејќи на тој начин многу лесно можат да станат цел на тешка кражба во нивното моторно возило.