02 ноември 2023

Превентивни активности на СВР Скопје

Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (02.11.) во соработка со полициски службеници од ПСОН Драчево беше реализирана едукативна работилница на тема насилство во училиштата, со учениците од Клубот за превенција при ООУ „Климент Охридски“ во Драчево.

Вчера пак (01.11.) во ООУ „Кузман Јосифовски Питу“, а заедно со полициски службеници од ПСОН Кисела Вода беа реализирани четири едукативни работилници на тема „Превенција од меѓуврсничко насилство и насилство на социјалните мрежи“. Во рамки на работилниците на учениците им беа презентирани и објаснети начините на препознавање и заштита од меѓуврсничко насилство и превенција од насилство на социјалните мрежи, а се со цел зголемување на безбедноста и намалување на насилството помеѓу учениците.