Денеска (01.11.) полициски службеници од Отсекот за превенција, како и од Отсекот за недозволена трговија со дрога и од Полициската станица од општа надлежност при СВР Штип, во општинскoтo средно медицинско училиштe „Јане Сандански“ во Штип, спроведоа едукативно предавање за учениците од трета и четврта година „Кажи не на дрогата, да на животот“.
При тоа, преку наменски подготвена видео презентација беа објаснети формите на манифестирање на зависностите, со посебен акцент околу нивното влијание врз животот на младите.
Исто така, беа презентирани низа практични примери во кои разните други социо-патолошки и девијантни облици на поведение можат да се трансформираат во класично криминално однесување кај младите, а воедно беа објаснети и начините за нивно спречување и промовирање на позитивните вредности, се со цел заштита и превенција од штетните влијанија кои овие општествени негативни појави ги предизвикуваат.