31 октомври 2023

Превентивна активност на СВР Велес

Денеска (31.10.) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од Полициска канцеларија Градско во основното општинско училиште ,,Даме Груев" во Градско, беше одржана едукативна работилница на тема ,,Насилство во училиштата“, со посебен акцент на т.н. „сајбер булинг“ и начините и методите кои треба да се користат во справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите. Исто така, со учениците се разговараше и на тема „Безбеден во сообраќајот, безбедни пешаци", со посебен акцент за безбедно доаѓање и заминување на учениците од училиште.