Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес денеска, (27.10.) на Градскиот пазар во Велес, спроведе превентивна активност за превенција од имотни деликти, со посебен акцент на превенцијата од џебни кражби и измами врз постари лица и пензионери.
Во текот на низата средби и разговори со граѓаните, особено оние од повозрасните категории, полициски службеници им укажуваа на мерките за заштита од вакви кривични дела, а им беа поделени и летоци со корисни совети.