На подрачје на Битола полициски службеници од Отсекот за превенција, како и од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Битола, денеска (26.10.) реализираа превентивно-едукативна активност посветена на средношколците.
Притоа, во општинското средно училиште „Таки Даскалот“ во Битола спроведоа едукативно предавање на тема „Кажи не на дрогата, да на животот“. Во рамки на предавањето, учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога.
Исто така, инспектори од компјутерски криминал при СВР Битола на средношколците им укажуваа за ризиците кои произлегуваат преку користењето на социјалните мрежи како и нивно навремено препознавање и превенирање.
Покрај ова, на подрачјето на Битола полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола спроведоа превентивна активност од областа на сообраќајот „Вози одговорно, стави појас“.
На подрачјето на Новаци, како и во околните населени места, полициски службеници при ПО Новаци реализираа превентивна активност „Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“.